Земјоделци преку дронови ќе ги контролираат своите полиња

83

dronovi za zemjodelci

Научникот Денис Боуман од Универзитетот во Илиноис, осмислил систем што вклучува два комерцијално достапни дронови што ќе бидат наменети за земјоделци.

Двата дрона имаат за цел да ја снимаат ситуацијата на полињата и со тоа им помагаат на земјоделците во наводнување и управување со површините засадени со најразлични култури.

Станува збор за дрон на далечинско управување на компанија DJI што доаѓа со посебно место за поставување на HD камера на компанијата GoPro, додека дронот A.R. Drone 2.0 на компанијата Parrot има вградено GPS систем. Овие уреди користат литиумови батерии, а со едно полнење можат да летаат околу 15 минути.

Дронот на компанијата Parrot може да се контролира преку таблет или паметен телефон што користи Андроид. Врската меѓу дронот и мобилниот уред се воспоставува преку Wi – Fi врска.

Боуман на дроновите користи фотоапарат на Canon – Powershot SX260, чии леќи се унапредени и можат да прават инфрацрвени фотографии.

Тестирањето на двата уреда ја вклучува претпоставката дека дроновите во воздух можат да го регистрираат намерно поставениот проблем со недостаток од ѓубрива на еден дел од полето во однос на екипата на работници што е на самата работна површина.

Вкупната инвестиција во двата дрона ќе чини околу 1.000 долари.