ZenTowel е идеален пешкир чувствителна кожа. Тој е супер апсорбирачки и е мек на допир, а е изработен од 100% органски памук со потекло од западна Турција.
Пешкирот моментално е достапен во 3 бои, сива, бела и кремаста.
Обичните пешкири најчесто многу бавно се сушат, а мократа ткаенина е идеална за развивање на бактерии, затоа ZenTowel е пешкир кој е дизајниран да се суши навистина брзо, а со тоа го спречува развивањето на бактерии.
Производот е дело на старт-ап со седиште во Минхен, Германија и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 139.656 долари од потребните 11.775 долари, а кампањата трае уште 11 дена.
Првите испораки на производот се очекува да бидат во август годинава.
Фото: Kickstarter