Бројот на домашните туристи во мај 2016 година, во однос на мај 2015 година, е зголемен за 1,4%, а бројот на странските туристи е зголемен за 6,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на туристите во мај 2016 година изнесува 86.234, а бројот на ноќевањата изнесува 172.355.
Бројот на туристите во мај 2016 година, во однос на мај 2015 година, е зголемен за 5,1%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 0,8%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2016 година, во однос на мај 2015 година, е зголемен за 1,7%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 0,3%.
Во периодот јануари – мај 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 11,1% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 12,5%, а кај странските има зголемување за 10,4%.
Во периодот јануари – мај 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 12,2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 19,1%, а кај странските има зголемување за 8%.