Зголемен бројот на издадени одобренија за градење

21

Во октомври оваа година се издадени 308 одобренија за градење, што е за 11,6% повеќе во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.760.827.000 денари, што е за 35,3% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 151 (49%) се наменети за објекти од високоградба, 43 (14%) за објекти од нискоградба и 114 (37%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 308 објекти, на 180 (58,4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 128 (41,6%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 562 станови, со вкупна корисна површина од 50.294 метри квадратни.

Фото: Pixabay