Зголемен бројот на издадени одобренија за градење во април

21

Вкупно 228 одобренија за градење се издадени во текот на април оваа година, што е за 8,6% повеќе во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.017.673.000 денари што е за 20,3% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 138 (60,5%) се наменети за објекти од високоградба, 29 (12,7%) за објекти од нискоградба и 61 (26,8%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 228 објекти, на 138 (60,5%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 90 (39,5%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 461 стан со вкупна корисна површина од 36.417 метри квадратни.