Зголемен бројот на издадени одобренија за градење во август

13

Во август оваа година се издадени 206 одобренија за градење, што е за 32,9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.616.289.000 денари што е за 299,8% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 111 или 53,9% се наменети за објекти од високоградба, 43 односно 20,9% за објекти од нискоградба и 52 т.е. 25,2% за објекти за реконструкција.

Од вкупно 206 објекти, на 115 (55,8%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 91 (44,2%) објект инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 339 станови со вкупна корисна површина од 30.233 метри квадратни.