Зголемен бројот на издадени одобренија за градење во декември

10

Во декември минатата година се издадени 305 одобренија за градење, што е за 27,6% повеќе во однос на истиот период претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.472.932.000 денари, што е за 36,3% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 207 или 67,9% се наменети за објекти од високоградба, 30 т.е. 9,8% за објекти од нискоградба и 68 односно 22,3% за објекти за реконструкција.

Од вкупно 305 објекти, на 213 или 69,8% како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 92 објекти односно 30,2% инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 795 станови со вкупна корисна површина од 64.441 метри квадратни.