Зголемен бројот на издадени одобренија за градење во февруари

30

Во февруари оваа година се издадени 226 одобренија за градење, што е за 6,6% повеќе во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1.788.919.000 денари, што е за 49,2% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 149 односно 65,9% се наменети за објекти од високоградба, 36 или 15,9% за објекти од нискоградба и 41 т.е. 18.2% за објекти за реконструкција. Од вкупно 226 објекти, на 143 односно 63,3% како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 83 објекти односно 36,7% инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 353 станови со вкупна корисна површина од 28.626 метри квадратни.