Зголемен бројот на издадени одобренија за градење во јули

18

Во јули оваа година се издадени 209 одобренија за градење, што е за 16,8% повеќе во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6.453.003.000
денари што е за 344,2% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 146 или 69,9% се наменети за објекти од високоградба, 24 односно 11,4% за објекти од нискоградба и 39 т.е. 18,7% за објекти за реконструкција.
Од вкупно 209 објекти, на 141 или 67,5% како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 68 објекти односно 32,5% инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 314 станови со вкупна корисна површина од 29.573 метри квадратни.