Зголемен бројот на патници во градскиот превоз во последното тримесечје на 2015 година

21

Бројот на превезени патници во градскиот превоз, во последното тримесечје од 2015 година во однос на истиот период претходната година, е зголемен за 1,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на превезени патници во приградскиот превоз е намален за 9%, во меѓуградскиот превоз е намален за 33,9%, додека во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 2,7%.

Во однос на истиот период од 2014 година, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 4,5%, во приградскиот превоз за 30,4%, во меѓуградскиот превоз за 46,2%, додека во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 6,6%