Зголемен бројот на прелети над Македонија

18

Бројот на прелети над Македонија во првите четири месеци од 2015 година се зголеми за 27,6%, во однос на истиот период лани, беше истакнато на Состанокот за регионална соработка и развој на воздушниот сообраќај меѓу земјите од Југоисточна Европа, пишува Миа.

“По отворањето на косовското небо, минатата година сообраќајот над Македонија е зголемен за 54%, а споредено со таа година оваа година имаме проектирано 3% до 4% пораст кои се реализираат. Се движиме во нагорна линија во однос на авиосообраќајот, благодарение на нови концепти кои следат, како заклучоци од денешниот работен ден ќе има и зголемување на тие проценти“, изјави Горан Јандреоски, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Според директорот на Еуроконтрол, Франк Бренер, во Македонија и во регионот има значителен пораст на сообраќајот во последните години.

“Македонија е земја членка на Еуроконтрол од 1998 година. Кога гледаме колку брилијантно се разви воздухопловството, можеме да видиме дека вкупниот број на движење на воздухопловите во 2014 година се искачи за 30% на повеќе од 140.000 летови годишно“, изјави директорот Бренер.