Зголемен бројот на превезени патници со авиони во последното тримесечје од 2017

16

road-604416_960_720Фото: Pexels

Според податоците на Државниот завод за статистика за превезени патници и стоки, во четвртото тримесечје од 2017 година, во однос на истото тримесечје од 2016 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници е зголемен за 3,3%, во градско-приградскиот превоз е намален за 6,7%, во железничкиот превоз за 12,3%, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 16,4%.

Во однос на третото тримесечје од 2017 година, бројот на превезените патници во патничкиот превоз е намален за 9,2%, во градско-приградскиот превоз е зголемен за 26,7%, во железничкиот превоз за 12,7%, додека во воздухопловниот превоз е намален 29,9%.

Во четвртото тримесечје од 2017 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2016 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 13,6%, во железничкиот превоз за 14,3%, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 11,8%.

Во однос на третото тримесечје од 2017 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 24,2%, во железничкиот превоз е зголемено за 19%, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 7%.