Зголемен бројот на работници во индустријата во јули

14

Бројот на работници во индустријата во јули е зголемен за 0,7% во споредба со истиот период минатата година, објави денес Државниот завод за статистика.

Според податоците покажуваат пораст на бројот на работници има во секторот Рударство и вадење камен за 8,4% и во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3,1%, додека намалување е забележано во преработувачката индустрија за 0,1%.

Според главните индустриски групи, забележан е пораст кај Енергија за 8,5%, Трајни производи за широка потрошувачка за 3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5%, додека опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,8% и Капитални производи за 0,3%.

Зголемување на бројот на работници во индустријата е забележан и во периодот јануари – јули за 0,6%.