
Фото: Pixabay
Бројот на работниците во индустријата во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, бележи пораст од 1,9%, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 4,4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2,4%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,7%, Капитални производи за 20,3%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 2,1%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,1%.
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – октомври 2018 година, во однос на периодот јануари – октомври 2017 година, е зголемен за 6,5%.














