Зголемен бројот на странски туристи

19

turisti-kinezi-11-e1350392282757Минатата година Македонија ја посетиле за 2,5% повеќе туристи од 2011 година. Според Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи е намален за 2,4%, а на странските е зголемен за 7,3%.

Бројот на ноќевањата е намален за 1%, кај домашните туристи за 5,5%, додека кај странските е евидентирно зголемување за 7,5%.

Минатиот декември во однос на истиот месец во 2011 година, бројот на туристи бил 31.396, а бројот на ноќевањата 63.260. Бројот на туристите е намален за 4,5%, а на ноќевањата е зголемен за 0,5%. Бројот на домашните туристи е намален за 7,1%, а на странските за 2,1%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи е намален за 1,2%, а бројот на ноќевањата на странските е зголемен за 2,1%.