Зголемен бројот на туристи и ноќевања во февруари

14

Бројот на туристите во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, е зголемен за 9%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 2,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во февруари 2015 година изнесува 29.743, а бројот на ноќевањата изнесува 62.297. Бројот на домашните туристи во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, е намален за 11,6%, а бројот на странските туристи е зголемен за 23,5%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, е намален за 13,1%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 16%.

Во периодот јануари – февруари 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 7,6% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 5,6%, а кај странските има зголемување за 18,2%.

Во периодот јануари – февруари 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 1,7% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 12,1%, а кај странските има зголемување за 15%.