Зголемен бројот на туристи и ноќевања во ноември

12

Бројот на туристите во ноември 2015 година, во однос на ноември 2014 година, е зголемен за 14,6%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 16,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во ноември 2015 година изнесува 41.793, а бројот на ноќевањата изнесува 94.736.

Бројот на домашните туристи во ноември 2015 година, во однос на ноември 2014 година, е зголемен за 18,3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 12,2%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2015 година, во однос на ноември 2014 година, е зголемен за 26,2%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 8,8%.

Во периодот јануари – ноември 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 10,3% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5,4%, а кај странските има зголемување за 13,9%.

Во периодот јануари – ноември 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 8,7% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6,2%, а кај странските има зголемување за 12,3%.