Зголемен бројот на туристи и ноќевања во ноември

11

Бројот на туристите во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, е зголемен за 5,7%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 3,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во ноември 2016 година изнесува 44.162, а бројот на ноќевањата изнесува 97.980.

Бројот на домашните туристи во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, е зголемен за 5,3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 5,9%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, е зголемен за 7%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 0,1%.

Во периодот јануари – ноември 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5,3%, а кај странските има зголемување за 4,8%.

Во периодот јануари – ноември 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2,7% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3,9%, а кај странските има зголемување за 1,2%.