
Фото: Pixabay
Бројот на туристи во септември оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 4,4%, додека кај ноќевањата има пораст од 7,3%,покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на туристите во септември 2018 година изнесува 108.711, а бројот на ноќевањата изнесува 260.320.
Бројот на домашните туристи во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, е зголемен за 9,5%, а бројот на странските туристи е зголемен за 2,8%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, е зголемен за 5,8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 8%.
Во периодот јануари – септември 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 13,6% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 14,1%, а кај странските има зголемување за 13,3%.
Во периодот јануари – септември 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 15,2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 14,3%, а кај странските има зголемување за 16,4%.













