Зголемен бројот на туристи во април оваа година

13

Бројот на туристи во април оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 17,6%, а бројот на ноќевања е зголемен за 10,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во април 2015 година изнесува 52.298, а бројот на ноќевањата изнесува 103.727.

Бројот на домашните туристи во април 2015 година, во однос на април 2014 година, е намален за 5,2%, а бројот на странските туристи е зголемен за 30,9%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2015 година, во однос на април 2014 година, е намален за 5,1%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 22,2%.

Во периодот јануари – април 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8,7% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 7,5%, а кај странските има зголемување за 19,8%.

Во периодот јануари – април 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2,8% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 10,2%, а кај странските има зголемување за 13,7%.