Зголемен бројот на туристи во декември минатата година

22

Бројот на туристи во декември минатата година, во однос на истиот период во 2014 година, е зголемен за 24,4%, а кај бројот на ноќевања има зголемување од 19,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во декември 2015 година изнесува 40.333, а бројот на ноќевањата изнесува 77.423. Бројот на домашните туристи во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, е зголемен за 33,2%, а бројот на странските туристи е зголемен за 18,9%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, е зголемен за 27,3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 14%.

Во периодот јануари – декември 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 10,9% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6,5%, а кај странските има зголемување за 14,2%.

Во периодот јануари – декември 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 9% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6,6%, а кај странските има зголемување за 12,3%.