Зголемен бројот на туристи во јули

13

Бројот на туристи во јули оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 8,3%, додека кај бројот на ноќевања има пораст од 1,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во јули 2016 година изнесува 129.656, а бројот на ноќевањата изнесува 526.693.
Бројот на домашните туристи во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, е зголемен за 5,9%, а бројот на странските туристи е зголемен за 10,7%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, е намален за 0,4%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 5,5%.

Во периодот јануари – јули 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8,5% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 8,6%, а кај странските има зголемување за 8,5%.

Во периодот јануари – јули 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5,3% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5,2%, а кај странските има зголемување за 5,4%.