Зголемен бројот на туристи во јуни за 4,2%

15

Бројот на туристи во јуни оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 4,2%, додека кај ноќевањата зголемувањето е 1,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во јуни оваа година изнесува 70.673, а бројот на ноќевањата изнесува 170.898. Бројот на домашните туристи во јуни 2014 година, во однос на јуни 2013 година, е намален за 10,9%, а бројот на странските туристи е зголемен за 11,2%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2014 година, во однос на јуни 2013 година, е намален за 10,8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 8,8%. 

Во периодот јануари – јуни 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 6,1% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5,2%, а кај странските има зголемување за 6,5%. Во периодот јануари – јуни 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 4,5% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1,4%, а кај странските има зголемување за 6,8%.