Зголемен бројот на туристи во мај

17

hotelska-soba-pixabay

Фото: Pixabay

Бројот на туристите во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, е зголемен за 11,7%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 16%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во мај 2017 година изнесува 96.334, а бројот на ноќевањата изнесува 199.974. Бројот на домашните туристи во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, е зголемен за 22,5%, а бројот на странските туристи е зголемен за 7,2%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, е зголемен за 27,2%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 9,8%.

Во периодот јануари – мај 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 11% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 13,2%, а кај странските има зголемување за 9,9%.

Во периодот јануари – мај 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 11,8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 10,1%, а кај странските има зголемување за 12,9%.