Зголемен бројот на туристи во март

49

Фото: Pixabay

Бројот на туристи во март 2019 година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 1,8%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 3,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во март 2019 година изнесува 54.826, а бројот на ноќевањата изнесува 112.770.

Бројот на домашните туристи во март 2019 година, во однос на март 2018 година, е зголемен за 0,8%, а бројот на странските туристи е зголемен за 2,3%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2019 година, во однос на март 2018 година, е зголемен за 6,5%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 2,4%.

Во периодот јануари – март 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2,2%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4,9%, а кај странските има зголемување за 0,7%.

Во периодот јануари – март 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 0,6%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4,9%, а кај странските има намалување за 2,1%.