Зголемен бројот на туристи во октомври

11

Бројот на туристите во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, е зголемен за 12,6%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 9,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во октомври 2016 година изнесува 69.412, а бројот на ноќевањата изнесува 155.719.

Бројот на домашните туристи во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, е зголемен за 12,3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 12,8%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, е зголемен за 13,5%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 6,4%.

Во периодот јануари – октомври 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5,3%, а кај странските има зголемување за 4,8%.

Во периодот јануари – октомври 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2,7% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3,7%, а кај странските има зголемување за 1,3%.