Зголемен индикаторот на доверба на раководителите во градежништвото

32

Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во четвртото тримесечје од 2015 година е зголемен за 0,4 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а за 2 процентни поени е зголемен во однос на истото тримесечје од 2014 година.

Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се поповолни, а очекувањата за бројот на вработени се дека ќе остане ист во наредните три месеци.

Оценката за економската состојба во четвртото тримесечје од 2015 е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна е и во однос на четвртото тримесечје од 2014 година.

Оценката за финансиската состојба и оценката за сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти се понеповолни во споредба со претходното тримесечје. Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата во четвртото тримесечје од 2015 година се над нормалата.

Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемени трошоци за материјали со 18,9%, зголемени финансиски трошоци (камати) со 17,8%, зголемени трошоци за труд со 13% и недостиг на обучен кадар со 12,5%.