Зголемен индикаторот на доверба во градежништвото во третото тримесечје

11

Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во третото тримесечје од 2016 година е зголемен за 0,2 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а за 2,2 процентни поени е зголемен во однос на истото тримесечје од 2015 година.

Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се поповолни, а очекувањата за бројот на вработени се дека ќе се зголеми во наредните три месеци.

Оценката за економската состојба во третото тримесечје од 2016 е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на третото тримесечје од 2015 година. Оценката за сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти е понеповолна, а оценката за финансиската состојба е поповолна во споредба со претходното тримесечје.

Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата во третото тримесечје од 2016 година се над нормалата.

Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемени трошоци за материјали со 21%, зголемени финансиски трошоци (камати) со 18,6%, конкуренција во сопствениот сектор со 14,7% и нема побарувачка со 11,1%.