Зголемен индикаторот на доверба во преработувачката индустрија

22

Фото: Pixabay

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во февруари 2019 година е зголемен за 0,4 процентни поени во однос на јануари 2019 година и изнесува 20,5, а во однос на февруари 2018 година е зголемен за 1,4 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во февруари 2019, во однос на јануари 2019 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на јануари 2019 година.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во февруари 2019 година е поповолна во однос на претходниот месец, а e поповолна во однос на февруари 2018 година.

Се очекува бројот на вработените да се намали. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари 2019 година изнесува 68,8% од нормалното искористување. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 25%, недоволната странска побарувачка со 17%, недоволната домашна побарувачка со 15,2% и неизвесното економско опкружување со 10,8%.