Зголемен индикаторот на доверба во преработувачката индустрија

20

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во април 2020 година е зголемен за 1 процентен поен во однос на март 2020 година и изнесува 16, а во однос на април 2019 година е намален за 4,8 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во април 2020, во однос на март 2020 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во април 2020 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна и во однос на април 2019 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април 2020 година изнесува 67% од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 18,8%, недостигот на квалификувана работна сила со 18,3%, неизвесното економско опкружување со 15,9% и недоволната домашна побарувачка со 12,9%.

Фото: Pixabay