Зголемен индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во април

25

Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во април оваа година е за 0,1 процентен поен поголем во однос на претходниот месец, а во однос на истиот период лани е зголемен за 3,5 процентни поени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во април 2015, во однос на март 2015 година,
е поповолна, залихите на готови производи сe зголемени, а очекувањата за обемот на производството во
наредните три месеци се поповолни.

Економската состојба на деловните субјекти е оценета како поповолна во однос на претходниот месец, а како
поповолна и во однос на април 2014 година. Истото се однесува и на оценката за бројот на вработени.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април 2015 година изнесува 63% од
нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недоволната
странска побарувачка со 25,3%, недостигот на квалификувана работна сила со 25,3%, недоволната домашна
побарувачка со 24% и финансиските проблеми со 5,8%.