Зголемен индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во декември

20

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија, во декември 2015 година, е за 0,3 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на декември 2014 година е зголемен за 8 процентни поени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во декември 2015, во однос на ноември 2015 година, е поповолна, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, а залихите на готови производи сe зголемени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во декември 2015 година е поповолна во споредба со претходниот месец, а поповолна е и во однос на декември 2014 година. Истото се однесува и на оценката за бројот на вработените.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во декември 2015 година изнесува 64,5% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната домашна побарувачка со 25%, недостигот на квалификувана работна сила со 24,7% и недоволната странска побарувачка со 23,4%.