Зголемен индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јануари

19

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јануари 2016 година е за 0,4 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на јануари 2015 година е зголемен за 8,2 процентни поени, се вели во соопштението на Државниот завод за статистика.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јануари 2016 година, во однос на декември 2015 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се дека ќе се зголеми, а залихите на готови производи се намалени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јануари 2016 година е поповолна во споредба со претходниот месец, а поповолна е и во однос на јануари 2015 година. Истото се однесува и на оценката за бројот на вработени.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2016 година изнесува 64,5% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 22,3%, недоволната домашна побарувачка со 21,4%, недостигот на квалификувана работна сила со 17,2% и неизвесното економско опкружување со 7,9%.