Зголемен индикаторот на доверба во трговијата на мало во првите три месеци од 2017

30

kolicka-supermarket-pixabay

Фото: Pixabay

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во првото тримесечје од 2017 година е зголемен за 0,2 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а е зголемен за 1,1 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2016 година.

Eкономската состојба на деловните субјекти во првото тримесечје од 2017 година е понеповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна во однос на истото тримесечје од 2016 година. Се очекува дека ќе биде поповолна во наредните две тримесечја. Количината на залихите е намалена во однос на претходното тримесечје.

Финансиската состојба во првото тримесечје од 2017 година е поповолна во однос на четвртото тримесечје од 2016 година, оценката за очекуваните порачки за наредниот период е дека ќе се намалат, а очекувањата за бројот на вработените се дека ќе се зголеми.

Продажните цени во првото тримесечје од 2017 година се намалиле во однос на четвртото тримесечје од 2016 година, а се очекува нивно намалување и во наредните три месеци.

Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на првото тримесечје од 2017 година имале: слабата побарувачка од купувачите со 31,6%, зголемената понуда на пазарот со 17,6% и зголемената конкуренција на пазарот со 12,5%.