Фото: Pixabay
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во второто тримесечје од 2017 година е зголемен за 0,5 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а е зголемен за 1 процентен поен во однос на истото тримесечје од 2016 година.
Eкономската состојба на деловните субјекти во второто тримесечје од 2017 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна е и во однос на второто тримесечје од 2016 година. Се очекува дека ќе биде поповолна во наредните две тримесечја. Количината на залихите е намалена во однос на претходното тримесечје.
Финансиската состојба во второто тримесечје од 2017 година е поповолна во однос на првото тримесечје од 2017 година, оценката за очекуваните порачки за наредниот период е дека ќе се зголемат, како и очекувањата за бројот на вработените.
Продажните цени во второто тримесечје од 2017 година се намалиле во однос на првото тримесечје од 2017 година, а се очекува нивно намалување и во наредните три месеци.
Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на второто тримесечје од 2017 година имале: зголемената конкуренција на пазарот со 24,3%, слабата побарувачка од купувачите со 23,1%, нема ограничувања со 12,4% и зголемената понуда на пазарот со 11,7%.