Зголемен индикаторот на доверба во трговијата во четвртото тримесечје во 2015

44

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во четвртото тримесечје е зголемен за 0,3 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а зголемен за 1,1 процентен поен во однос на истото тримесечје од 2014 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Eкономската состојба на деловните субјекти во четвртото тримесечје од 2015 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, како и во однос на четвртото тримесечје од 2014 година. Се очекува дека ќе биде поповолна во наредните две тримесечја. Количината на залихите е зголемена во однос на претходното тримесечје.

Финансиската состојба во четвртото тримесечје од 2015 година е поповолна во однос на третото тримесечје од 2015 година, оценката за очекуваните порачки за наредниот период е дека тие ќе се намалат, а очекувањата за бројот на вработените е дека ќе биде зголемен.

Продажните цени во четвртото тримесечје од 2015 година се зголемиле во однос на претходното тримесечје од 2015 година, а очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци се дека ќе бидат намалени.

Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на четвртото тримесечје од 2015 година имале: слабата побарувачка на купувачите со 24,4%, зголемена конкуренција со 16,4%, зголемената понуда на пазарот со 14%.