Зголемен обемот на извршените градежни работи во Германија, Црна Гора и Бугарија

23

Во периодот јануари – јуни 2019 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 3.993.844 илјади денари, што е за 345,1 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година, стои во податоците на Државниот завод за статистика.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 76.725 денари, што е за 88,5% помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Големиот пад на вредноста на извршените градежни работи се должи на завршувањето на градежните активности на објектите во Босна и Херцеговина на крајот од минатата година.

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во  Германија, Црна Гора и Бугарија.

Вредносните податоци за периодот јануари – јуни 2019/2018 година се дадени врз база на паритетот 1 американски долар = 53,6887 денари.