Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи во последните три месеци од 2016

37

ovosje

Фото: Pixabay

Откупот и продажбата на земјоделски производи, во четвртото тримесечје од 2016 година, во однос на истиот период претходната година, се зголемени за 39,3%, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 65,4%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 2,9%. Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: индустриските, градинарските и фуражните растенија, овошјето, добитокот, живината и јајцата и млечните производи, а намалување е забележано кај: житата, грозјето, алкохолните пијалаци, млекото и рибата.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува пораст во сите три месеци од тримесечјето.