Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи во септември

22

Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во септември 2014 година изнесува 1.430.755.000 денари што претставува зголемување за 7,8% во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 5,9%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 10,6%.

Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај житата, фуражните растенија, грозјето, живината и јајцата, млекото, млечните производи и рибата, а намалување се забележува кај индустриските и градинарските растенија, овошјето, алкохолните пијалаци и добитокот.