Откупот и продажбата на земјоделски производи во второто тримесечје од оваа година се зголемени за 17,3% во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 3,5%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано зголемување за 47,4%.
Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: градинарските и фуражните растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млекото, млечните производи и рибата, а намалување е забележано кај: житата, индустриските растенија и добитокот.
Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува пораст во сите три месеци од тримесечјето.