Зголемен откупот и продажната на земјоделски производи во првото тримесечје

11

Фото: Pixabay

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2019 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 5,9% во однос на истиот период од претходната година.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 12,5%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 8,9%.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: житата, индустриските растенија, градинарските растенија, овошјето, млекото и рибата, а намалување е забележано кај: фуражните растенија, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата и млечните производи.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува зголемување во месец февруари, додека во јануари и март е забележано намалување на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи.