Зголемен прометот во индустријата во октомври

12

Прометот во индустријата во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 4,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во октомври 2016, во однос на октомври 2015 година, бележи пораст од 0,7%, а прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 5%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, бележи опаѓање од 3,8%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4,4%.

Според главните индустриски групи, прометот во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, бележи пораст кај Капитални производи за 19,2% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2,5%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,2%.

Прометот во индустријата во октомври 2016 година, во однос на септември 2016 година, изнесува е намален за 3%, додека во периодот јануари – октомври 2016 година, во однос на периодот јануари – октомври 2015 година, е зголемен за 10%.