Зголемен прометот во трговија на мало во октомври

38

Прометот во трговијата на мало во октомври оваа година, во споредба со истиот период лани, бележи зголемување, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 14,2%, а реално за 14,5%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 10,5%, а реално за 10,6%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 12,1%, а реално за 10,8%).