Зголемен прометот во трговијата на мало во април

15

Во трговијата на мало во април оваа година, во однос на истиот период лани, има зголемување на прометот, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 24,8%, а реално за 27%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 13,8%, а реално за 9,9%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 18,9%, а реално за 19,5%).