Зголемен прометот во трговијата на мало во август, во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 11,4%, а реално за 11,8%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 25%, а реално за 24%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 18,6%, а реално за 18,4%).