Зголемена просечната бруто плата во јануари

13

Државниот завод за статистика информира дека индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јануари 2014 година, во однос на јануари 2013 година, изнесува 100.5.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање или 8,2%, Градежништво со 4,2% и Финансиски дејности и дејности на осигурување или 3,6%.
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Други услужни дејности со 7%, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 4% и Административни и помошни услужни дејности или 2,8%.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари 2014 изнесува 31. 236 денари. Во јануари 2014 година, 1,5% од вработените во Република Македонија не примиле плата.