Зголемена стапката на невработеност во Еврозоната

46

Бирото за статистика на Европската унија, Евростат, денеска соопшти дека невработеноста во 19-члената еврозона се зголемила на 7,4% во мај, од 7,3% во април односно за 0,1 процентен поен.

Стапката на невработеност во пошироката Европска унија, исто така, се зголеми за 0,1 процентен поен на 6,7% во мај.

Рестриктивните мерки поради Ковид-19, што се применуваат од март 2020 година, предизвикаа нагло зголемување на бројот на побарувања за бенефиции за невработеност ширум ЕУ, се вели во соопштението на Евростат.

Фото: Freepik