Зголемена трговската размена на Албанија со Македонија

32
Благодарение на олеснувањето на трговските процедури меѓу земјите од регионот, има зголемување на комерцијалната размена во областа на земјоделството и храната, јави АТА.
Според статистиката на албанското Министерство за земјоделство и рурален развој, во 2022 година, преку иницијативи и намалување на царините и други пречки, земјата успеала да го зголеми за 25 отсто обемот на трговската размена во земјоделството со земјите од „Отворениот Балкан “, Република Северна Македонија и Србија.
Извозот на земјоделски производи од Албанија во Србија е зголемен за 58,2 отсто вредносно и 13,6 отсто по количина. Извозот на албански земјоделски производи во Република Северна Македонија порасна за 37,2 отсто вредносно и 32 отсто по количина.
Истовремено, увозот на земјоделски производи од Србија во Албанија е намален за 9 отсто, а од Република Северна Македонија за 22 отсто.