Зголемена вредноста на договорените градежни работи во странство

10

Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство, во периодот јануари – март оваа година, изнесува 4.636.786.000 денари, што е за 0,2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во овој период, градежната оператива од Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 408.047.000 денари, што е за 121,2% повеќе во споредба со истиот период од
претходната година.

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Италија, Холандија, Бугарија и Германија, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Франција, Босна и Херцеговина, Хрватска и Либиска Арапска Џамахирија.