Зголемени цените на индустриски производи во август

18

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во август оваа година, се повисоки за 1,6% на месечно ниво, а за 0,1% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во август 2020, во споредба со јули 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 14,9%, во секторот Преработувачка индустрија за 0,4% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 7,1%.

Во август 2020, во споредба со август 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 4,3%, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 0,3%.

Фото: Freepik